АВСТРАЛИЈА

2006

Податоците за бројот на македонските иселеници во Австралија се од Australian Bureau of Statistics. Бројот на македонски иселеници во Австралија е извлечен од Пописот извршен во 2006 година и во него се наведува дека по место на раѓање Република Македонија во Австралија живеат 83 983 Македонци, а македонскиот јазик како мајчин го пријавиле  67 883  Македонци.


2001

Според пописот од 2001 година извршен од Australian Bureau of Statistics, во Австралија живееле 81 898 македонски иселеници со место на раѓање во Република Македонија,а македонскиот јазик како мајчин го пријавиле     71 994 Македонци.

За поподробни информации можете да се обратите на

WWW.ABS.GOV.AU, client.services@abs.gov.au или на тел: ++ 61 2 9268 4909, факс: ++ 1 2 9268 4654


1994

Според извештајот на Заводот за статистика на Република Македонија, заснован на  Пописот извршен во 1994 година од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во Австралија живееле и работеле вкупно 58 238 македонски државјани:

Македонци - 57 589

Албанци - 119

Турци - 40

Роми - 177

Власи - 46

Срби - 41

Други - 244

За подетални информации обратете се на книга 7 на Заводот за статистика на РМ, страна 96 до 106.