ШВЕДСКА

2006

Податоците за македонските иселеници во Кралството Шведска, добиени од Заводот за статистика на ШВЕДСКА, со важност за 2006 година  може да се најдат на WEB  страницата на Заводот http://www.scb.se. Според податоците добиени од Заводот за статистика, во Кралството ШВЕДСКА живеат 3 985 иселеници од Македонија.


2005

Податоците за македонските иселеници во Кралството Шведска, добиени од Заводот за статистика на ШВЕДСКА, со важност заклучно со 31.12.2005 година  може да се најдат на WEB  страницата на Заводотhttp://www.scb.se . Според податоците добиени од Заводот за статистика, во Кралството ШВЕДСКА во 2005 година живееле 3 391 иселеник од Македонија.


2000

Според Шведското Биро за статистика заклучно со  31 декември 2000 година,. бројот на Македонците кои се родени или чии родители се родени во Шведска е 4 144.


1994

Според извештајот на Заводот за статистика на Република Македонија, заснован на  Пописот извршен во 1994 година од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во Кралството Шведска живееле и работеле вкупно 4 872 македонски државјани:

Македонци - 3766

Албанци - 618

Турци - 260

Роми - 36

Власи - 5

Срби - 48

Други - 48

За подетални информации обратете се на книга 7 на Заводот за статистика, страна 96 до 106.