ГЕРМАНИЈА

2011

Според податоци на Сојузниот завод за статистика во Визбаден  во СР Германија живеат    67 147 иселеници од Македонија.

2007

Преку допис од Централниот Статистички Уред на СРГ податоците за бројот на иселениците од Македонија може да се најдат на WEB  страницата на Уредот http://www.destatis.de Според податоците од Статистичкиот Уред во 2007 година во СР Германија живееле 62 295 иселеници од Македонија.


2004

Податоците за македонските иселеници во СР Германија според пописот од 2004 година изведен од Централниот Статистички Уред на СРГ може да се најдат на WEB  страницата на Уредот http://www.destatis.de. Според податоците од Статистичкиот Уред во СР Германија во 2004 година живееле 61 105 иселеници од Македонија.


 

 

Преку допис бр. 55-1666/2 од 03.04.2001 година Министерството за надворешни работи на Република Македонија ја информира Агенцијата за иселеништво на Република Македонија за бројот на македонските иселеници во СР Германија и наведува дека во СР Германија во 2001 година живееле и работеле 42 550 македонски државјани.


 

 

Според извештајот на Заводот за статистика на Република Македонија, заснован на  Пописот извршен во 1994 година од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во СР Германија живееле и работеле вкупно 31 406 македонски државјани:

Македонци - 12260

Албанци - 14332

Турци - 1687

Роми - 1959

Власи - 31

Срби - 193

Други - 857

За подетални информации обратете се на книга 7 на Заводот за статистика, страна 96 до 106.

1994

2001