За нас - Стратешки план - Програма

НАЦРТ СТРАТЕШКИ ПЛАН НА АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО 2015-2017

15.11.2017 година

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

СТРАТЕШКИ ПЛАН
НА АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО
2018-2020

Скопје, 2017


1.1. ВОВЕД

Стратешкиот план на Агенцијата за иселеништво е среднорочен план на активности за периодот 2018-2020 година, кои претставуваат основа за дефинирање и реализација на општите и конкретни цели на Агенцијата, во согласност со Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2018 година, Сл.весник бр.96 од 28.07.2017 година.
Во согласност со интегралниот систем на планирање и буџетирање, овој Стратешки план е придружен документ на буџетската пресметка на Агенцијата за иселеништво за 2018 година, во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите од 28.12.2012 год.
Во Стратешкиот план за 2018-2020 година на Агенцијата за иселеништво се содржани целите и задачите на организациските единици и на Агенцијата во целина, активностите за остварување на тие цели, како и ефектите и резултатите на истите.
Преку реализирање на активностите од Стратешкиот план, Агенцијата за иселеништво треба да одговори на обврските што произлегуваат од нејзините надлежности утврдени со Законот за организација и работа на органите на државната управа, Програмата на Владата на Република Македонија и Заклучоците на Владата на Република Македонија.

1.2. МИСИЈА

Агенцијата за иселеништво е орган на државната управа, чија основна цел е поттикнување, помагање и одржување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија, преку негување на македонскиот јазик и култура на иселениците во средините каде живеат, како интеграција во општествениот живот на Република Македонија преку нивно вклучување во јавниот и економскиот живот.

1.3. ВИЗИЈА

Зачуван национален идентитет и интегрираност на иселениците од Македонија во општествениот живот, економскиот и културен живот во Република Македонија и продлабочување на комуникацијата на иселениците со матичната земја.

1.4 ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ

Задачите и обврските на Агенцијата за иселеништво се утврдени во Законот за организација и работа на органите на државната управа и тие се во функција на:
- унапредување на положбата и правата на иселениците од Македонија;
-поттикнување на културниот развој на иселениците,
-информирање на иселениците со состојбата во Република Македонија и унапредување на врските со нив и нивните организации,
-создавање услови за реинтеграција на иселениците и нивно вклучување во јавниот и економскиот живот во Република Макједонија,
-остварување контакти во земјата со припадници на македонските иселеници преку одржување на системска мрежа со единиците на централната власт, локалните власти и заедницата на единиците на локалната самоуправа и давање стручно техничка помош на иселениците во процесот на инвестирање во Република Македонија.


1.5. СПЕЦИФИЧНОСТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Агенцијата за иселеништво е самостоен орган на државната управа кој има исклучива законска надлежност - грижа за положбата, правата и интересите на иселениците од Македонија, без разлика дали се или не државјани на Република Македонија и на нивната етничка припадност.


1.6 СТРУКТУРА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Со Правилникот за систематизација на работните места се утврдува вкупниот број на државни службеници, како и работници кои немаат статус на државен службеник, распоредот и описот на работните места по организационите единици потребни за вршење на работите од надлежност на Агенцијата за иселеништво.
Со Агенцијата за иселеништво раководи Директор и заменик на Директорот кои се избрани и именувани функционери на Владата на Република Македонија.

Организациски единици во Агенцијата за иселеништво се:

1- Сектор за правни, економски работи и реинтеграција на иселениците од Македонија,
1.1-Одделение за правни работи
1.2-Одделение за економски работи и реинтеграција на иселеници од Македонија
2- Сектор за оддржување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој на иселениците
2.1-Одделение за комуникација и информирање
2.2.-Одделение за културен развој на иселеништвото

Како посебни одделенија се:
3. Одделение за финансиски прашања и
4. Одделение за ревизија.

1.7. ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
Од програмата Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија со цел поттикнување и помагање за одржување на националниот, културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците од Македонија пред се за најмладата генерација на иселеници од Македонија во 2018 година предвидени се следните проектни активности:
Организирање на Летна Школа по македонски јазик, Албански јазик, организирање и на други јазици наменета за децата на иселениците од Македонија;
Во рамки на Струшки вечери на поезија ќе биде доделена наградата Стојан Христов, за најдобра книга на поет иселеник од Македонија;
Организирање на ликовна колонија на уметници иселеници од Македонија и изработка на каталог во кои ќе бидат претставени и изработени делата.
Со цел поттикнување на творештвото кај иселениците и збогатување на библиотеките во иселеничките организации предвидено е печатење на книги и учебни помагала од автори иселеници од Македонија
Дизајанирање на сликовница за деца од предучилишна возраст;
Организирање на културни настани на културно-уметничко друштво од иселеништвото во Република Македонија;
Мапирање на дијаспората
Со цел да се добијат пореални информации Агенцијата за иселеништво во соработка со други државни органи во текот на 2018 година ќе се врши континуирано прибирање на податоци од иселеничките организации, црковни општини и поединци. Со директни посети на иселеничките организации во Австралија, Америка, Канада Европа ќе се врши прибирање на информации за нивни бизниси и за можноста за инвестирање во матичната земја кои ќе бидат лесно достапни до иселениците,со користење на сите современи средства за комуникација.
Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија
Со цел интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија, унапредување на врските со иселеничките организации и вклучување на иселениците во јавниот, економскиот и културниот живот во државата предвидени се директни контакти и посети на за значајни настани во Америка, Австралија и Канада, Европа, Шведска, Италија,Германија.
Посета на повратници бизнисмени, инвеститори во Република Македонија;
Посета на Заедниците на локалната самоуправа и создавање на база на податоци за можноста за инвестирање во поатрактивните општини и презентирање на содржините на бизнис форум со цел инвестирање на иселениците во матичната земја.

Организирање на Бизнис форум со цел интензивирање на процесот на инвестиционите вложувања во земјата
Организирање и помагање на иселенички средби, во сГрнчари, сЉубојно, Полошко тетовски иселенички среди, Винички, Трново, сМокриево- Струмица.
Креирање, изработка и промоција на прирачници, брошури и друг информативен материјал кој ќе има значење за потребите на иселеничките организации, информирање на иселениците и вклучување во општествениот живот во Република Македонија.
Брендирање на Агенцијата за иселеништво-кампања за запознавање на иселениците за постоењето , дејноста и активностите на Агенцијата во земјата и средините каде живеат иселениците, медија закуп за запознавање со активностите на Агенцијата, годишна креативна подршка од маркетинг агенција, креирање на интернет страна, годишен закуп на домеим за интеренет страна, маркетинг за социјални медиуми.

1.9. ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА 2016 ГОДИНА

Во 2016 година Агенцијата за иселеништво работеше на реализирање на активностите кои беа утврдени во Стратешкиот план по програми:
Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
-Од јануари до јуни 2016 година Агенцијата за иселеништво превзема активности за реализација на турнејата на Културно уметничко друштво „Македонски бисери„ од Волонгонг Австралија кое во јули месец 2016 година се претстави низ неколку градови во Македонија. Оваа фолклорна турнеја се одржа од 4-12 јули 2016 година и се одвиваше со целовечерни концерти во Скопје, Неготино, Кавадарци, Крушево и Струмица и настапи на:
- Балкански фестивал на народни песни и игри ОХРИД
-Меѓународен фолклорен фестивал во Велес
Главните активности на Агенцијата за иселеништво во овој период околу припремата на Турнејата беа обезбедување настапи на претстојните фестивали низ Македонија во текот на месец јули, соработка со центрите за култура и општините на соодветните градови околу настапите, обезбедување на ноќевања, превоз и подготовка и дистрибуција на рекламен материјал за турнејата.
-Во периодот од 1 фебруар до 1 јуни, Агенцијата за иселеништво превзема активности за реализација на Манифестацијата „Македонија памти“ на доделување на ордени и признанија на заслужни иселеници и иселенички организации од страна на Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов. По објавениот Јавен повик во фебруари и по добивањето на потполнети пријави од страна на иселеници и иселенички организации, Агенцијата за иселеништво изврши предавање на материјалот до Кабинетот на Претседателот Д-р Ѓорге Иванов и по донесените предлози од страна на Комисијата за одликување, а по одлука на Претседателот на Република Македонија, на 20 јули 2016год. беа одликувани следните иселенички организации и индивидуалци:
1. Македонскиот Сојуз од Шведска
2. Иван Трпоски од Сиднеј Австралија
3. Борче Величковски од Србија
4. Лилјана Стоилковска Андовска од Шведска
5. Кирил Христов од Аризона, САД
- Од 27 јули-2 август во Охрид, се реализира проектот ,,Летна Школа по македонски јазик,, наменета за изучување на македонскиот јазик за младата генерација иселеници од Македонија. На Летната Школа учествуваа 18 ученици од Хрватска и САД.
- Во тек е Доделување на наградата ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Во месец април е објавен конкурсот на интернет страната на Агенцијата за иселеништво по што до Агенцијата за иселеништво пристигнаа 9 книги од 8 автори. Книгите се испратени до жиро комисијата на Струшки вечери на поезија и во тек на месец август се очекува одлуката за добитник.
- Од јануар до јуни траеја припремите и техничката обработка за печатење на следните книги од автори иселеници и тоа:
1. „Љубовни сонови“ од Стојан Ѓоргиев од Берлин;
2. „Македонијо љубов моја“ од Лилјана Андовска Стоилковска од Малме;
3. „ Круши Горници„ од Нове Младеновски од Мелбурн;
4. „Монографија 20 години од настава по македонски јазик во Словенија“;
5. „Поетски белег“ од Соња Таировска Дурчак од Улм Германија и
6. „Патник по звезденото македонско небо „ од Гордана Димовска од Мелбурн.
-Овие книги излегоа од печат во почетокот на јули месец и на 22 јули 2016 год. во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи во организација на Агенцијата за иселеништво се одржа „Промоции на книги на автори иселеници од Македонија“ на која присуствуваа преку 50 учесници, автори и нивни најблиски.
-Во тек се подготовките и за реиздавање на учебно помагало за македонски јазик прва фаза и помагало втора фаза за македонската литература и граматика на м-р Наташа З.Стојановска, Сузана Сурловска Ѓеоргиевска , д-р Благојка З.Адамова и Рената Стојановска кое ќе послужи за полесно изучување на македонскиот јазик и граматика за најмладата генерација иселеници од Македонија.
-На барање на наставникот по македонски јазик во Словенија, Зекирија Шаиновски, испратени се 65 книги по македонски јазик од македонски автори за одбележување на успешниот крај на учебната 2015 година.
-На барање на Пратеникот Павле Саздов од име на сите Црковни општини во САД И Канада, Агенцијата за иселеништво од октомври до декември 2015 год. испрати околу 350 книги учебни помагала по македонски јазик за потребите на дополнителните училишта по македонски јазик и книги од македонски автори на македонски јазик, за збогатување на библиотечниот фонд на организациите
-Во текот на целата година Агенцијата за иселеништво праќаше книги во Шведска, Швајцарија, Германија, Австралија, Франција, Србија, Словенија и т.н.
-На барање на македонската заедница од Мисисага, за потребите на македонскиот штанд на Мултикултурниот фестивал „Карасауга’’ во Канада, кој се одржа во мај 2016, Агенцијата за иселеништво испрати по пошта промотивен материјал кој се состоеше од постери со убавините на Македонија, знамиња на Република Македонија и книги од македонски автори.
Мапирање на дијаспората
Од досегашните активности се овозможи :
-Прибрани и евидентирани нови контакт - адреси на иселенички организации и евидентирани промени на контакт адреси на иселенички организации,
-Прибрана и евидентирана електронска пошта на иселеници од Македонија и иселенички организации.
Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија.
Во текот на првата половина од 2016 година околу дваесеттина иселеници од Македонија се обратија до Агенцијата за иселеништво за консултација и запознавање со начинот и можностите за стекнување со македонско државјанство.
-На 21 јули 2016 год. Агенцијата за иселеништво во соработка со Организацијата Македонија 2025 организираа Бизнис Форум, кој се одржа во Министерството за надворешни работи и на кој зедоа учество околу 110 бизнисмени иселеници
-Во тек се припремите за Промоција на ликовни дела на Ликовен уметник, иселеник од Македонија од Копенхаген Данска, Силвана Миленковска, која треба да се одржи во септември 2016 година.


1.10. ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА 2017 ГОДИНА

Во текот на 2017 година Агенцијата за иселеништво со помош на електронската технологија и секојдневни остварени средби со иселеници и претставници на иселенички организации работеше на реализирање на активностите кои беа утврдени во Стратешкиот план. Се надополнуваа базите на податоци за училиштата кои изведуваат дополнителна настава по македонски јазик како и по албански јазик во земјите каде што живеат иселениците, собрани се информации за нивниот библиотечен фонд на книги, како и за нивните потреби од учебници и други помагала, утврдување на бројот на учители, потенцијални ученици, контакт-адреси, начинот на финансирање, активности за прибирање на информации за наставници на албански јазик за иселеници-Албанци од Македонија.
Од програмата -Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија реализирани се следните активности:
Од 22-28 јули 2017 во Охрид се одржа ,,Летна Школа по македонски јазик,, наменета за изучување на македонскиот јазик за младата генерација иселеници од Македонија. На Летната Школа се пријавија за учество 26 ученици од Хрватска, Србија, Америка, Канада, Австралија,Франција, Англија, Германија и Полска.
Се вршеше припрема, техничка обработка и се печатеа книги од автори иселеници: ---„Црвени ружи “ од Стојан Ѓоргиев од Берлин;
- „ Песни“ од Јосиф Грежлоски Гандето од САД;
- „Македонски непребол“од Љубица Поповска од Австралија;
- „ Светлината околу нас и во нас“ од Љубица Поповска од Австралија;
- „Глас на времето“ од Соња Таировска Дурчак од Улм Германија и
- „Човекот и татковината од Саво Костадиновски, Германија.

За одбележување на успешниот крај на учебната 2017 година на барање на наставникот по македонски јазик во Словенија, Зекирија Шаиновски беа испратени 60 книги од македонски автори.
До сите црковни општини, литературни друштва и културни организации во иселеништвото испратени се знамиња на Република Македонја, привезоци со знаме на Република Македонија, книги од македонски автори за збогатување на библиотеките на иселеничките организации и постери од културата и историјата на Република Македонија. До училиштата кои изведуваат настава по македонски јазик како и по албански јазик во земјите каде што живеат иселениците испратени се географски карти и учебници за изучување на македонскиот јазик.
На 25 август 2017 г во Струга беше доделена нагрдата наградата ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. На конкурсот за добитници на наградата земаа учествуво шест автора. Од жири комисијата на Струшки вечери на поезија наградата беше доделена на поетесата Жаклина Михајлова од Сиднеј, Австралија, за збирката песни „Руен“.
Во тек е реиздавање на учебно помагало за македонски јазик прва фаза и помагало втора фаза за македонската литература и граматика на м-р Наташа З.Стојановска, Сузана Сурловска Ѓеоргиевска , д-р Благојка З.Адамова и Рената Стојановска кое ќе послужи за полесно изучување на македонскиот јазик и граматика за најмладата генерација иселеници од Македонија.
Од 15-18 септември се реализираше Турнејата на Етно составот од Хрватска „Езерки 7/8“ . По барање на наведената група, Агенцијата за иселеништво организира Турнеја со настапи во Тетово, Охрид и Скопје. Покрај хорските изведби на изворна македонска музика, се емитуваше и документарниот филм „Луди за Македонија“. Подршката од Агенцијата за иселеништво беше логистичка, најмување на салите и промоција и реклама за настанот.

Мапирање на дијаспората Во 2017 година во согласност со проектот Мапирање на дијаспората реализирани и се, но и понатаму се во тек активности околу
Прибранње и евидентирање на нови контакт - адреси на иселенички организации и евидентирани промени на контакт адреси на иселенички организации,
Прибрање и евидентирање електронска пошта на иселеници поединци од Македонија и иселенички организации.
Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на РепубликаМакедонија Во текот на првата половина од 2017 година ококлу педесет иселеници од Македонија се обратија до Агенцијата за иселеништво за консултација и запознавање со начинот и можностите за стекнување со македонско државјанство.
Во тек се подготовки за градење на системска мрежа со локалните самоуправи за собирање на податоци за состојбата на иселеништвото од одделни општини како и капацитети, потенцијали критериуми со кои располагаат општините можности за почнување на бизниси во Република Македонија од страна на иселениците бизнисмени од Македонија.



1.10 ПРОГРАМИ

Приоритетите и целите на Агенцијата за иселеништво се реализирани во 3 програми:
1. Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
2. Мапирање на дијаспората
3. Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Македонија




-+2. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
2.1. А: Оправданост и дизајн на Програмата „Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија“
Образложение: Програмата Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија произлегува од Стратешките приоритети на Владата на РМ содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2018 година (Сл.весник на РМ бр. 96 од 28.7.2017)
- Развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните
- Република Македонија –членка на НАТО и Еврпската унија

И приоритетните цели содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2018 година (Сл.весник на РМ бр. 96 од 28.7.2017)
Грижа за македонските национални малцинства во соседството и македонската дијаспора во светот и промоција и заштита на македонскиот национален идентитет во услови на глобален диверзитет на нациите и културите.
2. НПАА Не содржи обврски кои произлегуваат од НПАА
3. Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
- Потикнување и одржување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија преку негување на јазикот и културата на иселениците во средините каде живеат.
Назив на програмата: Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија

Цел на Програмата:
- Поттикнување и помагање за одржување на националниот, културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците од Македонија, пред се за најмладата генерација на иселеници.
Показатели за успех на Програмата:
Број на деца (25) кој ќе учествуваат на Летната Школа, секоја година зголемен за 10%, заради вклучување на поголем број деца кои посетуваат настава на мајчин јазик, број на поети (7) кој ќе конкурираат на Струшки вечери на поезијата,број на издадени (4) и испечатени книги на автори иселеници од Македонија, број на набавени книги за потребите на библиотеките иселеничките организации, организирани изложби на уметнички дела, настапи на Културно уметнички друштва и театарски претстави.
Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1: -
Организирање на Летна Школа по македонски /албански јазик за деца на иселениците од Македонија Показател за успешност: 26 пријавени деца на иселеници од Македонија во 2017 кои следеа настава по македонски јазик, кој број секоја наредна година (2018-2020) се зголемува поради се поголем број на барања за присуство на школата.
Подпрограма 2: -
Доделување награда Стојан Христов, на Струшки вечери на поезијата Показател за успешност:Шест (6) поети автори од иселеници од Македонија кои учествуваа на Струшки вечери на поезијата во 2017 година, со седум книги поезија. Секоја година се мотивираат се повеќе иселеници од Македонија да пишуваат поезија и да учествуваат на манифестацијата за добивање на награда, така што се очекува во периодот 2018-2020 година тој број да биде 10.
Поттпрограма 3: -
Издавање ( печатење) книги и учебни помагала на автори од иселеништвото и сликовница за најмалата возраст Показател на успешност: Осум издадени и испечатени книги на автори од иселеништвото во 2017 година. Агенцијата за иселеништво промовира издавање и печатење на книги на мајчиниот јазик на иселениците од Македонија и бројката се зголемува секоја наредна година. Збогатување на предучилишната настава по мајчин јазик со сликовница од едукативен карактер

Потпрограма 4: –
Претставување на достигнувањата на иселеничките организации и иселениците од Македонија за чување и негување на културата и реализација
Показател на успешност: Организирани изложби на уметнички дела, реализирани турнеи и настапи на Културно уметнички друштва од дијаспората во Република Македонија, и театарски претстави, промоции на книги, ликовна колонија и литературни читања.

Б: План за спроведување на Програмата



Потпрама 1: - Летна школа по македонски/албански јазик за деца на иселениците од Македонија

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка 2018 -2020 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки Финансиски
MKД
Ангажирање на наставници за одржување на наставата по македонски/албански јазик
-Сместување на деца на иселеници од Македонија

-Посета на културно-историски споменици во Охрид
-Материјали потребни за одржување на Летната школа (папки, работни тетратки, пенкала, беџови,маици, топки Агенција за иселеништво Фев.
2018/19/20

Фев. 2018/19/2
0

Март2018/19/20

Март 2018/19/20 Авг. 2018/19/20
Авг. 2018/19/20
Авг. 2018/19/20
Авг.
2018/19/20

4
Македонски јазик 370.000,00

Албански јазик
370.000,00



Вкупно за потпрограма 1:2 740.000,00


Потпрограма 2: - Манифестација -Струшки вечери на поезијата

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка
2018 -2020година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки Финансиски
MKД
-Објавување на конкурс за награда на најдобра книга поезија од автор иселеник од Македонија
-Печатење на книга
-Хонорар за Комисијата за избор на книга поезија на автор иселеник, добитник на наградата
- Награда ,,Стојан Христов
Промоција на наградената книга поезија
Агенција за иселеништвo Струшки вечери на поезијата Март 2018/19/20
Фев.
2018/19/20


Фев.
18/19/20

Фев.
18/19/20
Август 2018/19/20 Септ. 2018/19/20
Јули 2018/19/20

Септ.
2018/19/20

Септемвр2018/19/20

Декемв
2018/19/20 5




500 евра
Вкупно за потпрограма 1:1 120.000,00




Потпрограма 3: –Дизајн, изработка и издавање (печатење) на книги и учебни помагала

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка
2018 -2020 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки Финансиски
MKД
-Објавување на конкурс за печатење на книги на автори-иселеници од Македонија

-Печатење на книги на автори –иселеници од Македонија објавени на конкурс (дизајн и графичка обработка)


-Дизајн и изработка на сликовница за предшколска возраст Агенција за исел. Јануари 2017/18/20

Април 2017/19/20




Јануар
2018/19/20 Мај 2018/19/20

Јули 2018/19/20




Декемвр
2018/19/20
3


370.000,00


300.000,00


Вкупно активности во година:
Вкупно за потпрограма 3:2 670.000,00



Подпрограма 4 : Претставување на достигнувањата на иселеничките организации и иселениците од Македонија за
чување и негување на културата

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка
2017 – 2019 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки Финансиски
MKД
-Ликовна колонија на ликовни уметници иселеници од Македонија

-Каталог на ликовните дела од колонијата

- настапи на Културни уметнички друштва од иселеништвото
-театарски претстави
-Промоции на книги на автори-иселеници Агенција за иселеништво -Национални центри за култура
-Општини
Министерство за култура Фев.
2018/19/20


Фев.
2018/19/20


Фев.
2018/19/20

Фев.
2018/19/20

Фев.
2018/19/20
Декемв.
2018/19/20


Декемв.
2018/19/20


Декемв.
2018/19/20
Декемв.
2018/19/20

Декемв.
2018/19/20 8

8

9 370.000,00



300.00,00

300.00,00

300.00,00


Вкупно за потпрограма 4:4 1.270.000,00



2. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
1 А: Оправданост и дизајн на Програмата Мапирање на дијаспората

Образложение: Програмата Мапирање на дијаспората произлегува од Одлуката за стратешки приоритети на Владата на Република Македонија во 2017 г. -Зголемување на економскиот раст и на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот.
и приоритетните цели содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2018 година (Сл.весник на РМ бр. 96 од 28.7.2017)
Грижа за македонските национални малцинства во соседството и македонската дијаспора во светот и промоција и заштита на македонскиот национален идентитет во услови на глобален диверзитет на нациите и културите
2. НПАА Не постојат обврски од НПАА
3. Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
-Промоција на економските интереси и приоритети во странство и претставување на државата како привлечна дестинација за странски инвестиции ;
Назив на програмата: Мапирање на дијаспората
Цел на Програмата: Изработка на повеќе бази на податоци по разни основи
Показатели за успех:
- Зголемување на бројот на иселеници кои доброволно се пријавуваат, како и заинтересираност на иселениците за постојано ажурирање на податоците, преку известување за промени на контакт адреси назив, седиште и слично.
Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1: -
Ажурирање на база на податоци на иселеничките организации Показател за успешност:
Ажурирање на базата на податоци (точни контакт адреси)
Подпрограма 2: -
Мапирање на иселениците од Македонија (регистрација на иселениците)
Показател за успешност:
Зголемување на бројот на иселенички организации и поединци иселеници од Македонија
Подпрограма 3: -
Категоризација на иселеници по професии Показател за успешност:
Изработка на база на податоци по профили на иселеници







2.1. Ажурирање на иселеничките организации
Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Објавување на адресар во дигитална форма АИ Април 2018/19/20 Декември 2018/19/20 2 00
Вкупно активности во година
Вкупно за потпрограма 00



2.2. Регистрација на иселеници од Македонија
Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Припремни активности

Обезбедување софтвер за можност за регистрирање и сортирање на податоци
АИ

АИ Јануари 2018/19/20
Јануари 2018/19/20

Декември 2018/19/20
Март 2018/19/20 00

Вкупно за потпрограма 00


3. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
1. А: Оправданост и дизајн на Програмата Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија
Образложение: Програмата Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија произлегува Стратешките приоритети на Владата на РМ содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2018 година (Сл.весник на РМ бр. 96 од 28.7.2017)
- Развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните
- Република Македонија –членка на НАТО и Еврпската унија
И приоритната цел:Активна и транспарентна политика на привлекување директни и странски инвестиции преку стимулирање на привлекувањето на инвестициите со поголема додадена вредност кои обезбедуваат поврзување со домашни претпријатија
.
2. НПАА Нема обврски по НПАА
3 .Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
-Промоција на економските интереси и приоритети во странство и претставување на државата како привлечна дестинација за странски инвестиции
Назив на програмата: Интегрирање на иселениците од Македонија во опшествениот живот на Република Македонија
Цел на Програмата:
Запознавање на иселениците со состојбите во Република Македонија и создавање услови за нивна реинтеграција и нивно вклучување во јавниот и економски живот во Република Македонија како и остварување на контакти во земјата со припадници на македонските иселеници преку одржување на системска мрежа со единиците на централната власт локалните власти и заедницата на единиците на локалната самоуправа и давање на стручно техничка помошна иселениците во процесот на инвестирање во Република Македонија и на план на извоз на македонски производи во странсрво
Показатели за успех на Програмата:
Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1:Информирање на иселениците, посета на иселенички организации Зацврстување на врските помеѓу Агенцијата за иселеништво и иселеничките организации
Потпрограма 2: -
Бизнис форум Показател за успешност:
Зголемен број на иселеници инвеститори кои се интересираат за отварање бизнис во Македонија
Подпрограма 3: -
Подршка на иселенички средби во Република Македонја
Показател за успешност:
Интегрирање на иселениците во секојдневниот живот во Република Македонија
Поттпрограма 4:-
Изработка на прирачници, брошури и информативни материјали
Показател за успешност

Поттпрограма 5:-
Брендирање на Агенцијата за иселеништво Показател за успешност



3.1 Информирање на иселениците со можностите и критериумите за стекнување со македонско државјанство

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
-Организирање на средби со цел информирање во дијаспората

АИ Јануари 2018/19/2020
Ноември 2018/19/20

4 1.200.000,00




Вкупно за потпрограма 1:1 1.200.000,00










3.2 Бизнис форум

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Бизнис форум Агенција за иселеништво
Општини Јануари
2018/19/20
Јануари2018/19/20



Август
2018/19/20
Јули
2018/19/20

10
10

10




Вкупно за потпрограма 2:1 300.000,00







3.3 Подршка на иселенички средби во Република Македонија

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Подршка на иселенички средби во Република Македонја: Грнчари, Љубојно, Виница, Трново, Мокриево
АИ

Јануари
2018/19/20




Дек.
2018/19/20



8 180.000,00





Вкупно за потпрограма 3:1 180,000,00








3.4. Изготвување брошури рекламен материјал,прирачници

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Изготвување брошури рекламен материјал,прирачници АИ

Фев.
2018/19/20


Дек.
2018/19/20



900.000,00



Вкупно за потпрограма 900.000,00









3.5 “Брендирање- кампања за запознавање со активностите на Агенцијата за иселеништво”

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
-Медија закуп за пласман на кампањата
-Годишна креативна подршка од маркетинг агенција за потребите на АИ
-Креирање на интернет страна
-Годишен закуп за интернет страница
-Маркетинг за социјални медиуми

АИ

Фев.
2018/19/20


Декември
2018/19/20



900.000,00



Вкупно за потпрограма 5:1 900.000,00










ПРОГРАМА Резиме на потреба од нови вработувања Резиме на потреба од прераспределба на вработените Резиме на потреба од обуки


4. Принципи на правична застапеност


2018 планирани мерки
2019 планирани мерки 2020 планирани мерки



2018 очекувано влијание
2019 очекувано влијание 2020 очекувано влијание
Согласно динамиката утврдена од страна на Координативното тело за соодветна и правична застапеност формирано од Владата на Република Македонија и Заклучоците на Владата на Република Македонија.




5.Развивање на заедничките функции

Развивање политики

Агенцијата за иселеништво има функција на информирање, унапредување на културата и врските со иселеништвото и потикнување на реинтеграција на иселениците.

Стратешко планирање/ подготвување на Буџетот

За спроведување и реализација на стратешкиот план надлежни се раководителите на сектори и одделенија.
Буџетот на Агенцијата за иселеништво го изготвува Одделението за финансиски прашања во чии рамки се врши негово планирање, следење и реализација согласно стратешкиот план и програмата за работа.



Извршување на Буџетот и управување со средства
Се врши во рамки на Одделението за финансиски прашања преку спроведување на јавни набавки, реализација на буџетот согласно финансискиот план,следење и контрола на наменско трошење на средства.

Планирани активности 2018, 2019 и 2020

Потребно е кадровско доекипирање на Одделението за финансиски прашања, слободни се две работни места.
Потребна е и обука на вработените во функција на извршување и управување со буџетот и обука за управување на електронски систем за јавна набавка

Управување со човечки ресурси
Подготвува Годишен план за спроведување на генерички и специјализирани обуки
* Спроведување на обука на вработените
"Извештај за спроведената обука
"Оценување на административните службеници
*Подготвување на извештај за спроведеното оценување *Спроведување на обука на вработените "Извештај за спроведената обука
"Оценување надржавните службеници
*Подготвување на извештај за спроведеното оценување *Спроведување вработените
*Извештај за спроведената обука *Оценување на државните службеници
"Подготвување на извештај за спроведеното оценување

Внатрешна ревизија
Одделението за внатрешна ревизија кое постои како посебна организациона единица согласно актот за систематизација на работни места во Агенцијата не е екипирано со административни службеници, досега на барање на Агенцијата нема добиено согласност од МФ за вработување на службеник во наведеното одделение.



Никола Шалваринов
директор

.