ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ
Име и Презиме
|
Јосиф Атанасоски и Џорџ Атанасоски
|
Место на живеење
|
Florida, USA
|

ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА
Име на компанијата
|
Microflex inc
|
Адреса
|
P.O. box 730068
Adresa Ormont Beach, FL 32173-0068, USA
|
Телефон
|
+ 1 386 677 8100
|
Факс
|
+ 1 386 672 7623
|
Web adress
|
|
E-mail
|
|
Лице за контакт
|
Јосиф Атанасоски и Џорџ Атанасоски
|
Дејност
|
Производство на флексибилни метални производи
|
Microflex inc е основана во 1975 година од страна на македонските иселеници Јосиф и Џорџ Атанасоски во New Heaven. Од 1980 година компанијата се релоцира во Ormont Beach, Florida. Со текот на времето компанијата остварува постепен но континуиран раст во производството на метални производи. Во 1988 година Microflex inc влегува во автомобилската индустрија со иновативен производ Autoflex ®.
Денес компанијата е главен глобален снабдувач на висококвалитетни флексибилни метални производи наменети за автомобилската, петрохемиската и енергетската индустрија. Фабриката завзема површина од 11.150 м², опремена со опрема за тестирање на квалитетот на производите.
Растот на компанијата го овозможува вработениот персонал од 160 лица составен од висококвалификувани професионални инженери и дизајнери. Во 1993 година Microflex inc го имплементира сертификатот за квалитет ISO 9001 што претставува доказ за квалитетот и навременоста во производството.
Главното мото на компанијата, кое го овозможила досегашниот а истовремено ја води кон понатамошен развој, претставува производство на производи со иновативен дизајн – секогаш чекор пред времето и квалитет при изработка на производите.