Il contenuto di questa pagina richiede una nuova versione di Adobe Flash Player.

Scarica Adobe Flash Player

Иселеници инвеститори - Иселеници повратници

Иселеници повратници

Лоран Димановски

Име на компанија

Подгорски Ан

Сопственик

Лоран Димановски

Во 2007 година во подножието на планината Беласица во близина на Колешинските водопади и бањата Банско-Струмица изграден е мотелот Подгорски Ан.

Капацитетот на мотелот е 20 соби во кои може да се сместат 50 гости. Собите располагаат со ТВ приемник, клима уред и купатило.

Мотелот располага со ресторан за 50 гости во затворениот дел и со летна тераса за 150 луѓе. Летната тераса е во уникатен стил сместена до голема воденица и фурна што врз посетителот остава несекојдневен впечаток. Во ресторанот се служат традиционални јадења карактеристични за ова поднебје и тоа пити, баници, овчо кисело млеко, специјални видови сирења и слично. Ресторанот располага и со богата винска листа на сортни вина.

Во склоп на комплексот има сала за семинари и презентации опремена во традиционален стил. Веднаш до мотелот Подгорски Ан е изградена бензинска пумпа.

Сопственик на мотелот Подгорски Ан е г-дин Лоран Димановски кој по престојот во Швајцарија се враќа во Република Македонија за да се занимава со угостителска дејност.

 

Тел

+ 389 34 351 100

Веб страна

www.podgorskian.com

E-mail

podgorski-an@hotmail.com